ГРК Охрид обнови договори со тројца македонски ракометари

Македонскиот суперлигаш ГРК Охрид информира дека ги продолжи договорите со тројца македонски играчи на кои ќе смета и за иднината.

Клубот од градот крај езерото стави потписи на нови договори со левото крило Никола Ристески и пивотменот Иван Тасески кои ги продолжија договорите со клубот до 2028 година, а левиот бек Дејан Кукуловски до 2027 година.

Тројцата играчи се важен дел од екипата на Борис Ројевиќ, која со новиот проект најавува сериозна улога во македонскиот ракомет во сезоните кои следат.