ГРК Охрид ја чека ждрепката, Целје и Балатонфуреди најнепосакувани ривали

Со две победи против Баки од Азербејџан, македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп, Охрид на Борис Ројевиќ, се пласира во третото коло и веќе утре ќе го дознае својот следен противник.

По одигрувањето на возвратните натпревари од второто коло немаше големи изненадувања. Вториот македонски претставник, Тиквеш од Кавадарци, со два порази од Бешикташ го заврши натпреварувањето и елиминиран е како и Бутел Скопје, кој во првото коло неочекувано испадна од Дуделанж.

Од противниците кои би било добро да ги избегне, Охрид не би било пријатно да се соочи со Целје, ПАОК и Балатонфуреди.

Можни противници на ГРК Охрид:
Слога Добој
Коњух
Ред Бојс
Берхем
Свиеса
Касано 
Драма
Будванска Ривијера
Макаби
ПАОК
Дуделанж
Сур 
Целје
Полва Сервити
Балатонфуреди
Тирол
Коњух
Ред Бојс
Берхем
Будванска Ривијера
Макаби
ПАОК

Натпреварите од третото коло ќе се играат во првата половина на ноември.