• Мартин Танасковски

Потврдено е лошото сценарио за македонскиот суперлигаш ГРК Охрид. Ударната игла во нападот Теимураз Орјоникидзе, има сериозна повреда и го чека долга пауза.
Во победата против Грција со 29-26 сериозно се повреди ракометарот на Охрид, а лекарските прегледи утврдија дека тој заработил тешка повреда на предните вкрстени лигаменти
Повредата ќе го оддалечи Грузиецот од терените од седум до девет месеци. Од ГРК Охрид му посакаа добро опоравување и да се врати уште посилен во синиот дрес.