ГРК Борец нема пари, се откажа од Суперлигата!

Македонската Суперлига во новата сезона ќе брои девет тима, затоа што ГРК Борец од Велес реши да се откаже од натпреварите, поради недостаток на средства.

Велешката ракометна гордост беше под општинска капа, но откако се донесе одлука да не се финансира клубот, Ристо Велковски, извршен директор на ГРК Борец, соопшти дека тимот се откажува од понатамошно учество во ракометната лига.

„По заслуга на Советот на Општина Велес и градоначалникот, кои не даваат повеќе од 125.000 денари месечно мораме да се откажеме од натпреварувањето. Тие средства не се доволни за настап во најквалитетното друштво, не се ни 50% од потребите. Штета е што мораме да се преселиме во понизок ранг, не според пласманот, туку административно. Баравме помош од секаде, но не добивме од никаде. Се потрудивме да контактираме со повеќе фирми, но секаде одговорот беше негативен“, изјави Велковски за локалните медиуми од Велес.

Суперлигата втора сезона по ред ќе брои девет тима, затоа што лани тимот на Богданци поради сличен проблем се откажа од натпреварувањето.