ФОТО: Грешна е тезата дека голманите не вежбаат, бицепсот на Волф е најдобар доказ за тоа

Членот на Киелце, Андреас Волф, е вистински „тешкаш“ меѓу голманите од ракометната елита на Европа. Германецот има висина од 198 сантиметри и тежина од 112 килограми, што го прави навистина тешка пречка да се совлада меѓу стативите.

Неодамна Арпад Штербик, кога ја најавуваше својата пензија, изјави дека никогаш не посетувал вежбалница и не работел на својата мускулна маса. Тоа е случајот речиси со сите голмани, кои повеќе време посветуваат на брзината, реакциите и рефлексите, кои им помагаат полесно да се справат со „бомбите“ на противниците.

Сосема спротивни навики има најскапиот чувар на мрежата на денешницата, кој често прави напорни вежби и ја подобрува својата физичка форма. Дека не прави пауза, во периодот кога нема натпревари, докажа со последната објава на социјалните мрежи.

29-годишниот германски репрезентативец објави фотографија од неговиот бицепс, кој изгледа импресивно и воедно несоодветно за ракометен голман.