Грците со втора победа ја отпишаа БиХ, Белгија првпат обезбеди Мундијал

Грција

Грција го потврди пласманот во баражот за пласман на Светското првенство 2023 со втора победа над Босна и Херцеговина (26-28).

Грчкиот национален тим покажа дека не случајно запиша висока победа на домашен терен и славеше на дуелот во Тузла. Домашните ракометари не беа на посакуваното ниво за да направат пресврт, по оние „минус седум“ од првата средба. Боскос блесна со десет гола, а Цирас му помогна со седум реализации. Кај Босанците прво име беше Кадриќ со пет погодоци.

Пресврт на реваншот запиша Белгија која успеа на убедлив начин да го одбрани домашниот терен во дуелот со Словачка (31-26). Двата гола негатива, белгиската репрезентација ги анулира уште во раната фаза од мечот, а потоа постојано градеше предност и на крај заслужено се избори за место во баражот.

Робинс постигна шест, а по пет гола запишаа Серас и Ван Госен во редовите на победничката репрезентација. За гостите Урбан и Сланинка реализираа по пет пати. Со оваа победа Белгија првпат се квалификува на Светско првенство, бидејќи Русија, со која требаше да игра во вториот бараж е исклучена од квалификациите.