ФОТО: Грците „потонаа“ од тага, во Струмица како да загубија финале! 

Ракометната репрезентација на Македонија со стил ги заврши евро-квалификациите, откако ѝ сервира слатка одмазда на Грција за поразот во Кожани од пред неколку месеци. 

Во Струмица славевме со 27-23, а грчките ракометари „потонаа“ од тага, ги наведнаа главите и делуваа како да загубија финале на некое големо натпреварување. Нашиот јужен сосед како четвртопласиран ја заврши квалификациската група, со само три бода на своето конто. 

Македонија пак за првпат како лидер патува на еден евро-собир, а тоа ѝ носи поповолна ждрепка.