• Саше Љолес
Ракометарките на Тунис прокоцкаа победа над Грција на турнирот „Трофеј Македонија“, имаа предност од три гола во последните 60 секунди, но натпреварот на крајот заврши со нерешен резултат, 26-26.
- Комплетниот натпревар меѓу Грција и Тунис:
Мечот понуди прилично неизвесна игра, особено во првото полувреме кога водството се менуваше неколку пати. Тунижанките се чинеше дека се во малку подобар ритам од ривалот, но на паузата заминаа само со минимална позитива, 13-12.
Слична слика видовме и во вториот дел, селекторот на Грција се обиде со чести ротации да го изненади противникот, но во периодот до 45. минута ниту една од екипите немаше повеќе од два гола предност. Следуваа неколку грешки на двете страни, по што резултатот гласеше 20-20 во пресрет на последните десетина минути.
Тајм-аутот на тунискиот селектор вроди со плод, нивната игра значително се подобри во следниот период и создадоа предност од три гола (25-22). Грција имаше серија промашувања и на моменти веќе делуваше распаднато во играта, но Тунижанките буквално им подарија бод на ривалките, затоа што имаа три гола предност во последната минута, но делуваа како да се без компас на теренот. Конечниот резултат на крајот гласеше 26-26.
Претходно, репрезентацијата на Македонија го совлада Тунис со 34-27 и најави борба за првото место на турнирот, каде уште се натпреварува и селекцијата на Египет, која е следен ривал на нашите девојки.





