Грчки Олимпијакос испрати допис за влез во СЕХА лигата

Првакот на Грција во ракомет во машка конкуренција, Олимпијакос од Пиреја со официјалењн допис ја известа регионалната СЕХА-лига дека сака да се приклучи кон ова натпреварување од сезоната 2019/20.

Олимпијакос ги поканил челниците на СЕХА-лигата на чело со претседателот Михајло Михајловски во Атина на официјални преговори и неопходна инпсекција. Оваа секција е дел од големото спортско друштво Олимпијакос и нема проблеми со инфраструктура, буџет и организација. Сепак, потребно е „зелено светло“ од сите структури на лигата за првпат грчка екипа да игра во СЕХА лигата.

Олимпијакос минатото лето гостуваше во нашата земја на првиот Меморијален турнир „Боро Чурлевски“ во Битола и го освои второто место, откако загуби во финалето од Селкаспор од Турција

Менаџментот на лигата потврди дека Веспрем и кинескиот Пекинг Спорт Универзитет ќе се приклучат во следното издание на регионалната лига, а од неа ќе испадне романската Стеауа.

Македонија ои Хрватска остануваат со задолжителни два учесници како основачи на натпреварувањето. Нашите претставници ќе бидат познати по завршувањето на плеј-офот на Суперлигата.