• Мартин Танасковски
Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска победа на гостувањето кај АЕК Атина (25-29) во рамки на првиот дуел во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ, па така во Скопје на реваншот ќе игра за трофеј во треторангираното натпреварување во европскиот ракомет.
Екипата на Лазаров не се исплаши од 9.000 Грци затоа што салата беше полна и се играше под голем притисок, ниту од прекините кои се случија во неколку наврати од жестоките фанови на грчкиот првак.
Македонскиот инает проработи во жешката сала и се дојде до голема позитива. Сепак, далеку е од готово, во Скопје има уште 60 минути да се игра. Победникот ќе го добие трофејот од Европскиот Куп. Алкалоид е пред првенец, додека АЕК го има освоено овој трофеј еднаш.
Возвратниот дуел во Скопје помеѓу Алкалоид и атински АЕК ќе се одигра на 25 мај со почеток во 20:30 часот.