• Мартин Танасковски
Македонија доживеа пораз од Германија (27-35) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП), а до крајот на групната фаза има уште едно коло. Шансите за место на шампионатот постојат, а селекторот Кристијан Грчевски е задоволен од она кое го видел со Германките.
„Горд сум на моите ракометарки затоа што одиграа добро на овој натпревар. Имаа доста притисок и го дадоа најдоброто од себе. Задоволен сум како играат на терен, затоа што ние покажуваме дека имаме потенцијал да играме против сите“, изјави Грчевски.
Во последното коло од групната фаза, Македонија ја чека натпревар против Словенија кој ќе се игра на гостински терен.


