• Иван Димовски
Ракометната репрезентација на Македонија го забележа првиот пораз на стартот на Европското првенство, откако загуби од Шведска (28-18). Париравме само на стартот, а потоа скандинавскиот гигант ги казни сите и најмали грешки на нашиот национален состав.
По натпреварот краток коментар за одиграното даде селекторот Кристијан Грчевски. Тој посочи дека техничките грешки биле пресудни за висок пораз.
„На стартот на натпреварот покажавме добар перформанс. Потоа направивме премногу технички грешки, а промашивме и многу чисти ситуации. Тоа придонесе за лош финален резултат“, изјави Грчевски.
Во второто коло веќе в сабота Македонија ја очекува средба со Турција, во која се гледа шансата за добар резултат во групата А.