• Зоран Мишевски
Селекторот на нашата женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го најави натпреварот против Шпанија во квалификациите за Европското првенство.
Гигантот на женскиот ракомет веже е во Скопје, селекторот Амброш попладнево ќе го одржи официјалниот тренинг и утре попладне со сите свои ѕвези „фуријата“ ќе настапи во Скопје.
„Нè очекува натпревар со силен противник но, нема да излезeме со бело знаме. Одлично се подготвуваме и се надеваме дека ќе успеeме да ја изненадиме фаворизираната Шпанија. За жал, Дабевска поради повреда не може да ни помогне“, рече селекторот Грчевски.
Влезот за натпреварот кој се игра утре од 18:00 часот е слободен.