Гран Канарија го одбрани Челинџ Купот, унгарски Шиофок освојувач на ЕХФ-Купот

Рокаса Гран Канарија од Шпанија втора година по ред е освојувач на Челинџ Купот во ракомет во женска конкуренција. Во двомеч со полскиот тим Погон Шчечин, екипата од Гран Канарија ја сочува предноста од 30-23 од првиот натпревар на Пиринеите. На возвратниот натпревар се радуваа полските ракометарки со 24-23, но тоа не беше доволно да се подигне пехарот. 

Меланија Фалкон Гонзалез со шест гола беше најефикасен во победничкиот табор, а кај Погон, Агата Цебула и Дариа Завистовска запишаа по пет погодоци. 

Екипата на Шиофок од Унгарија е освојувач на Купот на ЕХФ. По победата над данскиот Есбјерг со 26-21, Шиофок го оствари најголемиот успех во својата историја на интернационална сцена. Првиот натпревар одигран во Данска заврши нерешено, 21-21.

Поранешната вардарка, Андреа Кобетиќ-Пенезиќ, заедно со Естел Нзе Минко беа најзаслужни за освоениот трофеј.