Граматова и Нолевска потпишаа нови договори со ЖРК Куманово

Куманово

Македонскиот прволигаш ЖРК Куманово потпиша нов договор со Пена Граматова. Се работи за ракометарка која настапува на левата крилна позиција. 

Младата велешанка се обврза на едногодишна соработка. Таа пристигна меѓу кумановчанки пред две години од редовите на ЖРК Металург.

Продолжение на соработката доби и македонската репрезентативка Наташа Нолевска. Таа игра на десната крилна позиција во тимот.

Куманово ќе биде еден од нашите претставници во женскиот Европски Куп. Противник во второто квалификациско коло во ова натпреварување ќе му биде израелски Макаби Аразим.