Граџан не тренираше, но ќе настапи утре против Спортинг

Стручниот штаб на Еурофарм Работник веќе неколку недели го составува тимот со помош  на медицинскиот тим. Така, во Битола останаа Маркоски и Кукоски, кои наскоро ќе бидат во стројот и Вегар, кој не ја залечи повредата од првиот натпревар против Татран Прешов.

Далеку покомплицирана е ситуацијата со Невен Стјепановиќ, кого го очекува оперативен зафат по повредата на коленото на натпреварот против Мешков Брест. Во тимот за Португалија отпатува Елмир Граџан, но денес не тренираше со екипата, заради повредата на ногата на загревањето од натпреварот во Прешов.

Сепак, Босанецот е оптимист и веројатно ќе настапи на утрешниот натпревар, каде ќе ја дели минутажата на кружен напаѓач со Украинецот Шевелев.

Натпреварот Спортинг Лисабон - Еурофарм Работник се игра утре од 19:30 часот, а се предвидува посета од околу 1.000 гледачи.м 

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 7 5 2 0 214:171 43 12
2 СавехофСавехоф 7 5 0 2 187:190 -3 10
3 СпортингСпортинг 7 4 1 2 213:192 21 9
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 7 2 1 4 179:193 -14 5
5 КоксКокс 1 7 2 0 5 179:211 -32 4
6 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 7 1 0 6 187:202 -15 2