Граџан: Еурофарм докажа дека може да парира со секој, против Татабања нема предавање! 

Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник, утре ќе стави печат на својот голем успех – учеството во групна фаза на еден европски Куп

Битолчани ќе се сретнат со Татабања во Ѓер, а кружниот напаѓач Елмир Граџан вели дека тимот докажа дека може да парира со секого и од овој дуел очекува добра и борбена игра, која ќе биде предигра за предизвиците во плеј-офот. 

„Еурофарм Работник го имаше својот прв настап во групна фаза на ЕХФ Купот, и тоа само по себе е голем успех. Досега одигравме неколку добри натпревари во кои покажавме дека сме екипа која може да му парира дури и на тим кој доаѓа до Бундеслигата. Сега, одиме на гости кај Татабања со што ќе ги завршиме нашите европски настапи. Овој натпревар нема резултатски притисок, но секако на истиот не сакаме да разочараме и ќе дадеме сè од себе за да одиграме квалитетно. Нека овој меч ни биде како добра подготовка за она што нè очекува во остатокот од сезоната, односно плеј-офот и борбата за тоа второ место“, рече зa Gol.mk босанскиот ракометар. 

Еурофарм Работник по пет одиграни кола запиша една победа и четири порази. Својот последен натпревар во овој Куп го игра утре со почеток од 15:00 часот. 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2