Шампионска ноќ: Охрид со песна и огномет ја прослави европската титула! (ВИДЕО)

Екипата на ГРК Охрид дојде до трофејот во Европскиот Куп на ЕХФ со победа над Татабања од Унгарија, а на плоштадот имаше славеничка атмосфера.

Со музика и забавна програма започна славјето на трофејот. Имаше и пиротехника и огномет, а сето тоа го пренесоа од локалниот медиум „Охрид1“ кој го долови моментот на сите оние кои не се во можност да присуствуваат на настанот.

ГРК Охрид стана четвртиот клуб од Македонија со европски трофеј. Претходно во Европскиот Куп на ЕХФ победи и Алкалоид, додека во Лигата на шампионите кај мажите и жените тоа беа Вардар и Кометал ЃП.