Готово е: Борозан потпиша двегодишен договор со Веспрем!

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан конечно ги реши сите дилеми околу својата иднина.

Поранешниот член на Вардар стави потпис на двегодишен договор со унгарски Веспрем. Истиот има клаузула со која што може да биде продолжен на уште една година.

„Момир Илиќ ме убеди да дојдам во Веспрем. Тој ми кажа убави зборови за клубот, градот и навивачите. Се надевам дека ќе напредувам и лесно ќе се адаптирам во новата средина“ , рече Црногорецот на претставувањето.

25-годишниот лев бек е роден во Цетиње и во својата кариера има една титула во Лигата на шампионите, онаа во 2017 година со македонскиот првак. Таму настапуваше покрај Арпад Штербик, кој за неговиот трансфер рече:

„Во Вардар играв заедно со Борозан, кој во последниве години многу напредуваше, мислам дека е еден од најдобрите во светот на неговата позиција. Тој е на идеална возраст, 25 години, неговата физичка подготовка е перфектна...“.

Борозан во својата кариера настапуваше во Ловќен, Карловац, Металург, Либек, а во последните три сезони беше дел од „црно-црвените“ од Скопје.