• Мартин Танасковски
Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се ривали, но црвено-црните направија господски потег и му честитаа на ривалот од Битола за пласманот на младите ракометари на завршниот Ф4-турнир во Келн во Лигата на шампионите.
Објавата на РК Вардар 1961 на социјалните мрежи:
„Честитки до Еурофарм Пелистер за пласманот на нивните младинци на Ф4 турнирот во Келн. Секогаш се радуваме на успехот на македонските екипи, особено кога имаат одлични резултати на европска сцена. Ривалството секогаш носи напредок, а тоа резултати. Им посакуваме успех, да имаат ист резултат како и кога Вардар на своето премиерно издание во Келн во 2017 година стана европски првак“.
Битолскиот клуб експресно одговори на честитките и му се заблагодари на својот ривал.
Покрај Еурофарм Пелистер, на завршницата на младинскиот Ф4-турнир кој ќе биде увертира за сениорите ќе играат уште Барселона од Шпанија, Веспрем од Унгарија и ГОГ Гудме од Данска.




