Господски потег на Охрид: Новиот шампион пречекан со „шпалир“ (ВИДЕО)

Ракометарите на ГРК Охрид го дочекаа новиот шампион на Македонија, Вардар 1961, во натпревар од осмото плеј-оф коло во Суперлигата. 

Тимот на Борис Ројевиќ му укажа голема чест, бидејќи ракометарите на шампионот ги дочека со „шпалир“. При читањето на имињата на вардарци, играчите на Охрид  направија господски потег и убаво го дочекаа гостинот во „Билјанини извори“. 

Вардар ја освои двојната круна во мак-ракометот оваа сезона. Од друга страна, Охрид стигна до финалето на Купот на Македонија, ќе игра за трофејот во Европскиот куп на ЕХФ, а исто така е во трка и за второто место во првенството.