Горпишин: Вардар одигра натпревар со две лица, мораме 60 минути да играме на ниво

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата натпреварувачка година, откако на гости кај Кил загубија со убедливи 34-23, во првото пролетно коло од Лигата на шампионите. 

Избраниците на Ствече Алушовски две третини од натпреварот одлично му парираа на домаќинот, но во финишот тотално потфрлија и дозволија Кил да извојува убедлив триумф од 11 гола разлика. Кружниот напаѓач на Вардар, Сергеj Горпишин по натпреварот изјави дека резултатот не го отсликува текот на настаните.

„Одигравме натпревар со две лица. До 45 минута се играше израмнето, Кил не можеше да направи посериозна разлика, но во останатите 15 направивме премногу технички грешки. Ова беше дуел од Лигата на шампионите и тука секогаш ќе бидеш казнет ако правиш такви грешки. Вечерва тоа го направи и Кил. Но, сега треба да научиме од грешките и да играме 60 минути, не 45 минути“, рече Горпишин.

Вардар шанса за прва победа во 2020 година ќе има за десет дена, за кога е закажан дуелот со Мотор Запорожје во Скопје. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4