Горпишин: Чув за најдобрите навивачи на Вардар, со душа го чекам мечот со Порто!

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар се подготвува за првиот домашен дуел во Лигата на шампионите против португалски Порто. Атмосферата е перфектна, победа над Монпелје на стартот и трофеј во Суперкупот, а се сака и триумф во „тврдината“ Јане Сандански, која важи за една од најгласните сали во Европа.

Еден од новајлиите во Вардар, рускиот пивот Сергеј Горпишин, го најави дуелот со португалскиот тим и истакна дека едвај чека да заигра пред публиката во СЦ „Јане Сандански“ и да ги чуе и да ја почувствува енергијата од најдобрите навивачи на Вардар - „Комитите“.

„Среќни сме што го освоивме првиот трофеј оваа сезона, ова е старт на сезоната како што посакувавме. Секако, наш фокус е да бидеме се подобри како што одминува времето. Го победивме Металург, сега за нас следи меч со Порто, за кого се спремивме добро и направивме видео-анализа каква што треба. Едвај чекам да заиграм во Скопје, ние сме како едно семејство, а чув многу за најдобрите навивачи на Вардар кои едвај чекам да ги сретнам и чујам. Со Монпелје покажавме голема борба, игравме машки и успеавме во нашето. Мора да ги минимизираме грешките со Порто, за да дојдеме до резултатот што го сакаме, а тоа е победа. Се работи за одличен тим, мора да бидеме внимателни“, ни изјави Горпишин.

Натпреварот меѓу Вардар и Порто во Лигата на шампионите се игра в недела од 17:00 часот.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 1 4 3 1 0 129:104 25 7
2 МонпелјеМонпелје 1 4 3 0 1 110:103 7 6
3 ВардарВардар 2 4 3 0 1 116:119 -3 6
4 ВеспремВеспрем 2 4 2 0 2 127:116 11 4
5 ПортоПорто 1 4 2 0 2 115:125 -10 4
6 КиелцеКиелце 1 4 1 1 2 120:118 2 3
7 Мешков БрестМешков Брест 4 1 0 3 106:116 -10 2
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 4 0 0 4 115:137 -22 0