• Зоран Мишевски
Поранешниот олимписки шампион со хрватската репрезентација и селектор на репрезентацијата на Швајцарија, Горан Перковац официјално е претстванен како нов тренер на екипата на Кринс од Луцерн.
Перковац претходно беше тренер на Кадетен Шафхаузен и Вади Минден во Швајцарија и Минден и Либек во Германија.
Хрватскиот стручњак се обврза на тригодишен договор, во кој за главна цел си запиша да го доближи Кринс до врвот на швајцарскиот ракомет.