• Зоран Мишевски

По едногодишната авантура во Австрија, повремениот репрезентативец на Македонија, Горан Крстевски во новата сезона ќе настапува во Романија. Поранешниот ракометар на Металург, Еурофарм Работник и Линц потпиша договор на две сезони со тимот на Фочани, каде тренер е Србинот Чутура, поранешен соиграч на Ангеловски и Митревски во Констанца.
Ресенчанецот веќе неколку месеци беше слободен ракометар, доби понуди од неколку македонски суперлигаши, но инсистираше на интернационален трансфер.
Крстевски за сениорската репрезентација на Македонија запиша девет настапи, а беше дел од ростерот на Раул Гонзалез на Светското првенство во Германија и Данска во 2019 година.
Македонската колонија во Романија следната сезона се сведува на Петров и Крстевски.