Гонзало: Ова беше еден од најлудите натпревари во мојата кариера

Сите полуфиналисти на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска се исти како и пре две години во Египет. Најголема драма донесе дуелот од четвртфиналето меѓу Шпанија и Норвепка. По осумдесет минути игра и неверојатан драма на крајот од регуларниот тек и првите две продолженија, на победа се радуваа Шпанците. 

Еден од главните протагонисти,шпанскиот голман Гонзало Перез де Варгас смета дека ова е еден од најлудите натпревари кои ги одиграл во кариерата.

„Се чувствувавме поразени, но победивме во продолженијата. Мислам дека Норвешка згреши во последниот напад од шеесетте минути, бидејќи ако го завршеше, дури и без да постигне гол, ние ќе немавме време да напад.

Кога имаш шеесет минути играње на ова ниво, главите не работат најдобро. Сигурен сум ова беше еден од најлудите натпревари кои што сум ги одиграл“, прече Гонзало.

Од Гдаеск, Шпанците се селат во Стокхолм, каде утре во полуфиналето ќе се сретнат со Данска