• Горан Упале

Со натпреварот против Кристијанштад в сабота, во рамки од Лигата на шампионите, Вардарци започнуваат со пеколниот распоред со кој се соочуваат во ноември.
Тимот веќе отпатува за Шведска, каде ја има фаворитската улога, а предводникот Раул Гонзалез изјави дека во Лигата на шампионите нема лесни и тешки противници и дека против Кристијанштад неговите момци мораат да влезат екстра-мотивирано.
„На секој меч влегуваме мотивирано и се подготвуваме за она што нè очекува. Нема лесни и тешки противници. Сѐ ќе зависи од нас, како ние ќе играме. Кристијанштад е млада екипа, која секоја сезона игра сѐ подобро и добива и повеќе искуство од дуелите во Лигата на шампионите. Со овој натпревар почнува серија од шест мечеви во ноември и сакаме успешно да го завршиме овој месец“, вели Раул Гонзалез, тренерот на Вардар.
На досегашните четири меѓусебни натпревари во Лигата на шампионите, Вардаровите момци секогаш победувале. Лани исто така првиот меч се играше во Шведска и победи Вардар со 23-28, а во реваншот во Скопје славеше со 32-29.