Гонзалез: Не може секогаш да играме добро, но задоволен сум од победата

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез на клупата

Ракометарите на Вардар, потешко од очекувањата вечерва стигнаа до победата над Кристијанштад, за враќање на победничките патеки во Лигата на шампионите. Шпанскиот тренер на клупата на македонскиот првак, Раул Гонзалез, по мечот истакна дека од игратa не е задоволен, но најбитно е што дошле до победа (38-36).

„Нашиот противник одигра многу добро, оваа екипа под водствотo на Лингрен работи многу добро. Првите 10 до 15 минути игравме добро, имавме предност од +6 и добро се чувствувавме. Имавме многу проблеми со нивниот контранапад, бидејќи имаат многу брзи играчи. Свесни сме и знаеме дека  не можеме секогаш да играме добро, но јас сум задоволен што победивме и дојдовме до бодвите“, изјави Гонзалез.

Ова е трета победа во 2016 година за Вардар, а прва во Лигата на шампионите, по два триумфа во СЕХА лигата.