Гонзалез: Настапот на Штербик е под знак прашање

Стратегот на Вардар, Шпанецот Раул Гонзалез во пресрет на дуелот со Кристијанштад, се соочува со низа проблеми со играчкиот ростер. Откако од поодамна е познато дека нема да може да смета на услугите на Карачиќ, за мечот в сабота може да остане и без услугите на првиот голман Арпад Штербик

„Кристијанштад е тим кој игра многу добро, што се должи пред се на тоа што играат без притисок. Се припремаме за овој дуел добро, посебен акцент ставаме на  Џамали, кој е добар играч. Видовме со Киелце како одигра. Не знам дали ќе може да игра на овој дуел Штербик, кој има повреда на Ахиловата тетива. Се надевам на што пополна сала и да ги израдуваме  нашите навивачи со победа “, рече Гонзалез.

Македонскиот првак, токму во дуелот против Кристијанштад ќе бара триумф, за враќање на победничките патеки, по поразот на гости во Германија минатото коло од Рајн Некер Ловен.