• Мартин Танасковски

Барселона со победа над Киелце по изведување на пенали испиша историја. Дојде до рекордната 11-та титула во елитата, истовремено стана и првиот тим кој го одбранил тронот во Лигата на шампионите.
Лидер на тимот на оваа завршница беше Алеис Гомез, кој во мрежата на противниците стрелаше вкупно 104 пати оваа сезона и заслужено го понесе признанието за најдобар стрелец во ракометната елита.
Како мала утеха за поразениот Киелце, доаѓа МВП-признанието во рацете на белорускиот кружен напаѓач Артем Каралек.
Третото место во Лигата на шампионите го освои бундеслигашот Кил, кој исто така по изведување на пенали го совлада унгарски Веспрем.