• Иван Димовски

Ракометниот клуб Загреб не можеше да му парира на Кил во првиот дуел од групната фаза на Лигата на шампионите. „Зебрите“ лесно минаа во Хрватска и запишаа стартен триумф, а по средбата на средбата со медиумите зборуваше тренерот на Загреб, Славко Голужа. Хрватскиoт стратег се извини на јавноста за прикажаната игра на неговиот тим.
„Се обидовме д асе припремиме за нивната транзиција, меѓутоа не успеавме. Подоцна моравме да се извлекуваме во нападот, а тоа не можеш да си го дозволиш против тим како Кил. Мое извинување до сите, навистина сакавме да прикажеме повеќе. Верувам дека овој тим може повеќе и тоа ќе го докажеме“, изјави Голужа.
Освен предводникот на загрепчани, се обрати и Лука Ловре Кларица, кој кажа:
„Секако дека не сум ниту среќен, ниту задоволен. Можеме и мораме подобро. Знаевме дека ни доаѓа мотивиран тим, кој сака да победи. Благодарност до навивачите кои нè поддржаа“.
Загреб и Кил се екипи од групата на Еурофарм Пелистер и ќе му бидат ривали понатаму во групната фаза.