Топло добредојде за Голужа од македонските легенди: „Пријатели засекогаш“ (ФОТО)

Екипата на Татран Прешов е следниот противник на Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата, а стратегот на словачкиот шампион Славко Голужа, доби топло добредојде во градот на ракометот.

Поранешниот истакнат хрватски ракометар, утрово имаше дружба со македонските легенди Бранислав Ангеловски и Иван Марковски, а нивната средба беше овековечена со пост на социјалните мрежи, на кој поранешното македонско крило напиша: „Пријатели засекогаш“.

Пријателството на Голужа со Марковски и Ангеловски датира од пред скоро две децении, кога тројца се бореа за шампионскиот трофеј во хрватскиот ракомет. Татран Прешов вечерва од 17:45 часот ќе се сретне со матичниот клуб на Ангеловски и Марковски, во рамки од третото коло на СЕХА лигата.