Голубовиќ: Не го потценуваме Алкалоид, но бркаме победа за да ја завршиме работата

Војводина вечерва против вицешампионот на Македонија, Алкалоид, има можност да го реши прашањето за пласман меѓу најдобрите шеснаесер екипи во Лига Европа. Со триумфот во Шпанија пред една недела, избраниците на Борис Ројевиќ си дозволија да зависат сами од себе.

„Свесни сме дека вечерашниот натпревар и математички ни гарантира место во следниот круг. Без разлика што го добивме првиот натпревар во Скопје (26-31), не го потценуваме Алкалоид. Одиме да победиме и да ја завршиме работата“, вели Милан Голубовиќ.

По повредата на Милан Милиќ, против Ла Риоха во Нови Сад, Голубовиќ е единствениот преостанат десен бек на српскиот шампион.

Дуелот на Војводина и Алкалоид закажан е полладнево во 18:45 часот.