ВИДЕО: Голот на Манасков за реми меѓу најубавите во 13. коло на ЛШ

Еурофарм Пелистер ремизира со ПСЖ (34-34) во последниот домашен меч од Лигата на шампионите.

На крајот херој беше Дејан Манасков кој го реализира последниот гол во контра со звукот на сирената. Голманот Саид Хаидаридад одбрани зицер, а топката бргу беше префрлена на противничко поле каде што крилото реализира за реми. 

Овој гол на Манасков се најде меѓу најдобрите во 13. коло на елитното натпреварување. 

Во изборот на ЕХФ голот на македонското крило е петти најубав, додека пред него се Аркадиуш Морито (Киелце), Петар Цикуша (Барселона), Матиас Гидсел (Фуксе Берлин) и Ѓиорѓи Тсковребадѕе (Загреб).