ВИДЕО: Голот на колото во ЛШ доаѓа од Битола – магичен цепелин на Петровски и Радовиќ

Македонскиот вицешампион, Еурофарм Работник го забележа третиот успех во дебитантската сезона на Лигата на шампионите и од ракометната елита се збогува со триумф над Бидасоа Ирун

Избраниците на привремениот стратег Божидар Мојсов го дадоа максимумот од себе пред битолската публика, а во моментите кога головите беа повеќе од потребни, тоа го правеа со стил. Така беше во 45. минута кога беше постигнат можеби голот на колото во Лигата на шампионите, откако Петровски и Радовиќ ја измамија гостинската одбрана и со супер-цепелин ја кренаа публиката на нозе. 

  • Атрактивниот гол на Петровски и Радовиќ против Бидасоа: 

Еурофарм и покрај трите победи групната фаза на Лигата на шампионите ја завршува на последната позиција, па сега целосно ќе се насочи кон последните овогодишни натпревари во СЕХА лигата. 

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 10 6 3 1 297:246 51 15
2 СпортингСпортинг 1 10 6 2 2 309:266 43 14
3 СавехофСавехоф 1 10 6 0 4 268:278 -10 12
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 10 3 1 6 260:279 -19 7
5 КоксКокс 1 10 3 0 7 239:290 -51 6
6 Еурофарм ПелистерЕурофарм Пелистер 10 3 0 7 265:279 -14 6