• Горан Упале
Еурофарм Пелистер не успеа да ја повтори одличната игра од воведното коло против Загреб и е во негативна низа во Лигата на шампионите од пет порази. Битолчани одново ги резервираа своите места во салата „Боро Чурлевски“, а македонскиот шампион ќе има уште еден сериозен предизвик во елитата и враќање на победничките патеки ќе брка против унгарскиот гигант ПИК Сегед.
И за овој дуел тренерот Рубен Гарабаја не може да смета на целиот свој ростер, но во тимот се враќаат неколку клучни ракометари. Голманската позиција одново ќе ја пополнат искусните Никола Митревски и Сaид Хаидарирад, додека во стројот се враќа и словенечкиот бек Ник Хенигман. Од игра испаднаа младите средни бека Кајаџиовски и Хаџик, како и повратникот во тимот Самоил Ристовски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Сегед започнува од 20:45 часот.







