ВИДЕО: Голманот на Прилеп изведе епска двојна одбрана налик оние во ЛШ!

Грузискиот голман Зураби Цинцадзе покажа феноменален рефлекс уште на стартот на натпреварот меѓу неговиот тим Прилеп и Бутел Скопје и изведе феноменална двојна одбрана за најавните шпици.

Во воведните минути од средбата, Бутел со шут на Јовица Младеновски од бековска линија се обиде да погоди во мрежата на домашните, но Цинцадзе го фати неговиот удар, а потоа, топката се одби до Мирко Мајиќ, но и тој не успеа да погоди откако Грузиецот скокна како мачка и му ја фати топката „жива“.

  • Двојната одбрана на Цинцадзе против Бутел Скопје:

Стандардниот репрезентативец на Грузија покажува солидни партии во Прилеп и е еден од главните адути на Горан Кузманоски во борбата во Суперлигата.