• Саше Љолес
Репрезентативниот чувар на мрежата на Данска, Ана Кристенсен, повеќе од заслужено е избрана за најкорисен играч (МВП) на Европското ракометно првенство.
Данската голманка беше најзаслужна за успехот на својата селекција која се пласираше во големото финале, каде беше поразена од силната Норвешка со 31-23.
Кристенсен го комплетираше турнирот со вкупно сто успешни интервенции, односно со ефикасност од дури 38%, учинок кој не остана незабележан од Европската ракометна федерација (ЕХФ).



