Голманите на Охрид и Струга и искусниот Радовиќ на списокот на Црна Гора за ЕП

По Словенија, уште еден ривал на Македонија на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка го објави поширокиот список на ракометари за настап на овој собир. Селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ го направи првиот чекор и го соопшти имињата од кои ќе ги одбере патниците на континенталниот турнир, а таму место имаше за тројца ракометари од Суперлигата.

За голманската позиција ќе се „борат“ Јагош Брауновиќ од Охрид и Никола Матовиќ од Струга, додека на поширокиот список се најде и искусното крило на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ.

Прв ривал на Македонија на Европското првенство ќе биде селекцијата на Словенија, а против Црна Гора ќе се сретнеме во рамки од второто коло, на 15 јануари од 18:00 часот.