Големо засилување за Србија, Лекиќ ќе игра во квалификациите за ЛОИ

Селекторот на Србија, Љубомир Обрадовиќ, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета во квалификациите за Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, а на него е најдобрата српска ракометарка Андреа Лекиќ.

Некогашната вардарка не играше во изминатиот период поради повреди и го пропушти СП во Јапонија. Но, сега незгодите се минато, па таа повторно се враќа на списокот на Србија.

  • Поширок список на Србија за квалификациите за ЛОИ:

Голмани: Катарина Томашевиќ, Јована Ристовиќ, Кристина Граовац
Леви крила: Сања Радосављевиќ, Дијана Радојевиќ, Тимеа Милошевиќ, Милица Ранчиќ
Пивоти: Слаѓана Поп-Лазиќ, Драгана Цвијиќ, Јована Милојевиќ, Јелена Агбаба
Десни крила: Жељка Николиќ, Ана Којиќ, Јована Благојевиќ
Бекови: Јована Стојилковиќ, Јелена Трифуновиќ, Јована Ковачевиќ, Јована Јововиќ, Кристина Лишчевиќ, Андреа Лекиќ, Александра Вукајловиќ, Ивана Митровиќ, Јелена Лавко, Дијана Штевин, Анѓела Јанушевиќ, Марија Агбаба, Јелена Терзиќ

Србија ќе игра олимписки квалификации во Ѓер заедно во група со Унгарија, Русија и Казахстан. Натпреварите ќе се играат од 20 до 22 март.