
По една полусезона помината во данскиот шампионат во редовите на Силкеборг, српскиот репрезентативец Драшко Ненадиќ се враќа на балканските простори. Левиот бек, кој има 28 години, би требало да биде замената за Борут Мачковшек, кој се пресели во Веспрем.
Покрај Мачковшек, Целје остана и без Иван Слишковиќ, па Ненадиќ ќе мора со помош на Даниел Душебаев да дејствува на левата бековска позиција во составот на тренерот Бранко Тамше. Ненадиќ, кој потекнува од школата на Црвена Звезда, настапуваше за шпанските Граноољерс и Гвадалахара, потоа за германските Флензбург, Хамбург и Фуксе Берлин, а последно играше во Силкеборг.
Заедно со својот нов тим Целје, Ненадиќ ќе настапи на традиционалниот турнир во Струга од 15 до 19 август.