Големо признание за Костески: Во Австрија избран за најдобро десно крило во лигата

Екипата на Линц не бележи позитивни резултати во новата сезона на првата ракометна лига во Австрија, но нашиот интернационалец Никола Костески блеска со своите игри.

Поранешниот репрезентативец на Македонија е меѓу најдобрите ракометари на Линц и оваа сезона и со својот ефект е сместен меѓу првите стрелци во шампионатот.

Во досегашниот дел од сезоната Костески знаеше еден натпревар да заврши со шест, седум, па и десет погодоци, а благодарение на одличната игра денес на својата адреса доби големо признание, откако е избран за најдобро десно крило во во австрискиот шампионат. 

Со ова признание, поранешниот репрезентативец на Македонија се најде и меѓу идеалниот тим на Спусу лигата.

  • Идеалниот тим во австрискиот шампионат: