Манасков го прими признанието за најдобар ракометар на Веспрем

Еден од најдобрите и најстандардните македонски репрезентативци, Дејан Манасков, конечно го доби долгоочекуваното признание од својот клуб Веспрем. 

Летечкото крило на унгарскиот гигант, кој игра во одлична форма и во новата сезона, ова лето беше избран за најдобар ракометар на тимот за изминатата сезона. Тогаш, поранешниот вардарец доби најмногу гласови од фановите и во неговите раце заврши популарната награда „Карлос Перез“, која секоја година ја доделува унгарскиот клуб.

Веспрем уште од стартот на сезоната минува низ турболентен период, а прва жртва беше тренерот Врањеш, кој пред извесен период доби отказ и за негов наследник беше назначен поранешниот асистент на Раул Гонзалез во Вардар, Давид Дејвис.