Лудница на СП: Ангола со два гола за 30 секунди го совлада Катар (ВИДЕО)

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Во првиот натпревар од групата Д на Мундијалот во Германија и Данска, ракометарите на Ангола приредија големо изненадување и го совладаа тимот на Катар со 24-23.

Африканците одлично отворија, играа цврсто во одбрана и константно ја зголемуваа својата позитива, која на одмор изнесуваше максимални +4 (12-8). Избраниците на Валеро Ривера успеаја да се разиграат дури на средината од вториот дел и со серија голови да израмнат на 17-17.

Ангола возврати набрзина со нова серија од 2-0 и поведе со 19-17, a Катар повторно се врати во мечот, најпрво израмни на 20-20, а потоа беше и 21-21. Следеше супер завршница, во која Ангола со два гола во финишот направи нов пресврт и на крајот успеа да слави заслужена победа од 24-23

Најефикасен кај Катар беше Бераше со шест гола, а Бенали и Капоте мечот го завршија со по четири погодоци. Кај Ангола прв стрелец беше Хебо со седум гола, а Тека мечот го заврши со пет погодоци.

СП, Група Д
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШведскаШведска 5 5 0 0 151:111 40 10
2 УнгаријаУнгарија 5 2 2 1 151:138 13 6
3 ЕгипетЕгипет 5 2 1 2 132:133 -1 5
4 КатарКатар 1 5 2 0 3 125:127 -2 4
5 АргентинаАргентина 1 5 1 1 3 119:130 -11 3
6 АнголаАнгола 5 1 0 4 121:160 -39 2