Големи проблеми за Барса: Циндриќ мора на операција на рамото

Европскиот ракометен шампион, Барселона, со победа над Флензбург ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите.

Каталонскиот тим одигра фантастична партија во Германија, но по мечот останаа без еден од најдобрите ракометари. Имено, хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ се здоби со незгодна повреда и истата ќе мора да ја лекува со операција.

Од редовите на Барселона потврдија дека нивниот плејмејкер го повреди рамото, а лекаркиот тим верува дека Хрватот на терените ќе им се врати за нешто повеќе од еден месец.

„Штета е што ваков важен играч се повреди“, накратко рече новиот стратег на Барселона,  Карлос Ортега.

Европскиот шампион, иако од 12. минута остана од Циндриќ, од Флензбург се врати со голема победа од 21-25.