Големата желба на Вардар потпиша со Висла Плок

Словенечкиот ракометар Миха Зарабец си заминува од Кил и кариерата ќе ја продолжи во Полска.

31-годишниот плејмејкер потпиша договор со Висла Плок. Двете страни парафираа тригодишна соработка која ќе трае од 2023 до 2026 година. Зарабец менува клуб по пет години затоа што од 2017 година беше дел од Кил.

Словенечкиот репрезентативец претходно настапуваше за Целје, Марибор Браник и Тримо Требње. Кога дојде Михајло Михајловски во Вардар, Миха Зарабец беше голема желба за средната бековска позиција на „црвено-црните“.

Се очекува Зарабец да биде големо засилување за екипата на Висла.