Големата Барса едвај до полн плен на гости кај Целје и 13/13 во ЛШ

Екипата на Барселона важеше за голем фаворит кај Целје, но се намачи за да победи (29-32) на гостувањето во Словенија во рамки на тринаесеттиот натпревар во најелитното европско ракометно натпреварување, Лигата на шампионите.

Домаќинот му даде голем отпор на фаворитот, а до посакуваниот резултат Барселона дојде во финишот. На семафорот во „Златорог“ стоеше 29-29, па каталонскиот гигант постигна три гола во низа преку Јанц, Гарсија и Фраде, за конечна победа.

Фраде беше најдобар кај победникот со седум гола, пред Лангаро и Макуч со по пет гола. Кај Целје, Новак имаше седум гола, а Нациновиќ реализира пет пати.

Барселона во новата сезона од Лигата на шампионите има 13 победи на 13 натпревари.