• Горан Упале

Ракометарите на Младост 1977 Богданци и Мулти Есенс ги поделија бодовите во неизвесен натпревар од Суперлигата, кој заврши со 21-21.
Дуелот на екипите од долниот дел на табелата донесе голема борба и резултатска неизвесност во текот на сите 60 минути. Иако ниту еден од двата тима не е во врвот на табелата, бодовите од ваквите директни пресметки се особено значајни во продолжението од сезоната.
Домаќинот подобро го отвори натпреварот и успеа да воспостави контрола врз резултатот. Младост во првиот дел во еден момент стигна до највисоки четири гола предност (11-7), но гостите од Скопје не дозволија разликата да остане висока. Мулти Есенс постепено ја топеше негативата, а во второто полувреме целосно се врати во игра и го презеде резултатскиот ритам.
До самиот финиш се играше гол за гол, а до крајот ниту една екипа не успеа да го зададе клучниот удар и поделбата на бодовите е најреалниот исход од ова соочување.
Во домашниот состав пет погодоци постигна Трајковски, додека на ниво за Младост беа Бојаниќ со осум и Андоновски со седум гола.







