Голем трансфер за Фуксе Берлин, го донесе специјалистот за одбрана Морос

Екипата на Фуксе Берлин направи голем трансфер пред стартот на подготовките за новата сезона и потпиша договор со специјалистот за одбрана, шпанскиот ветеран Виран Морос.

Левиот бек кој има 37 години доаѓа како слободен откако си замина од редовите на Пари Сен Жермен. Беше светски и европски првак со Шпанија, па сигурно е дека во тимот на Фуксе Берлин ќе има голема важност, посебно по заминувањето на Јаков Гојун.

Шпанецот и Фуксе Берлин потпишаа договор во времетраење од една година. 37-годишниот ветеран кој зад себе има 14 титули во Франција и Шпанија покрај за ПСЖ во кариерата играше уште и за Барселона, Сиудад Реал, Адемар Леон и Теукро.