• Саше Љолес
Капитенот на Целје Пивоварна Лашко, Жига Млакар, заработи сериозна повреда на последниот натпревар против тимот на Добова и ќе биде надвор од терените минимум до февруари идната година.
Млакар се повреди по еден невнимателен старт од противничкиот пивотмен, Јан Тајник, кој стартуваше силно врз капитенот на Целје, по што беше констатирана фрактура на вилицата и на јагодичната коска.
- Повредата на Жига Млакар на натрпеварот против Добова:
Јавноста во Словенија е во шок од одлуката на судиите на овој натпревар, кои не му покажаа ниту двоминутно исклучување на Тајник, а ракометните експерти сметаат дека арбитрите се „зрели“ за суспензија или забрана за делење на правдата извесен период. Да биде срамот поголем, Тајник одмавнуваше со рацете и сметаше дека не стартувал жестоко врз противничкиот играч, кој лежеше на паркетот во големи болки.